Search

Папата донира еден милион евра за Римјаните кои имаат финансиски проблеми

Папата Франциск донираше еден милион евра на фондот кој ќе им помага на Римјаните кои се погодени од економската криза предизвикана од коронавирусот.

Освен што е поглавар на 1,3 милијарди католици, папата е и римски бискуп и донацијата ја дал во тоа својство.

Во писмо до кардиналот Анџело Де Донатису, кој управува со Римската бискупија во негово име, папата навел дека тие пари треба да им помогнат на луѓето со финансиски проблеми поради коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави