Search

Забрзано се одвиваат градежните активности за изградба на фекалната канализација во Усје

Денеска градоначалникот Филип Темелковски во придружба со претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и со секретарот на Општината, Александар Алексовски, изврши увид во градежните работи за поставување на секундарна фекална канализација во село Усје. Во моментов, работните активности за поставување на канализацијата во селото се одвиваат забразно.

На канализационата мрежа која се гради на седум крака со вкупна должина од 2986 метри, досега од почетокот на изградбата завршени се 180 метри.

Фекалниот систем се гради со профили на цевки Ф500, Ф250 И Ф300, согласно хидротехничките услови за приклучување и конфигурацијата на теренот.

Конечно после долги години проблеми поради немање на систем за одведување на отпадни води, по завршувањето на работните активности подобри услови за живот ќе добијат околу 1500 жители. Во следните 8 месеци работите на терен ќе ги врши фирмата „Енергомонт”.

Средствата за изградба на канализацијата ги обезбеди Општина Кисела Вода.

Треба да знаете
Последни објави