Грција загрижена поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус

Грчките власти изразија загриженост за порастот на „Ковид-19“ во земјата што се подготвува за претстојниот почеток на туристичката сезона.

„Секој што мисли дека се ослободивме од вирусот, се лаже“, предупреди министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас.

„Мора да бидеме внимателни и да ги почитуваме мерките за да спречиме ширење на вирусот“, рече тој за медиумите.

Грчкото Министерство објави 97 нови случаи на болеста „Ковид-19“ и двајца починати заклучно со четвртокот.

Речиси третина од 97 нови случаи вклучуваат патници од странство, се вели во соопштението на Министерството.

Од 15 јуни двата најголеми аеродрома, во Атина и во Солун, ќе примат туристи од околу триесет држави, главно од Европската Унија, со што ќе се започне туристичката сезона.

Помалите аеродроми треба да се отворат на 1 јули.

Во Грција, 182 лица починале од „Ковид-19“ и 3.049 се заразени од почетокот на пандемијата на крајот на февруари, според Министерството.

Министерството соопшти дека повторно ќе објавува дневни извештаи за состојбата во врска со „Ковид-19“ во земјата, што беше прекинато минатата недела, бидејќи бројот на новозаболени на ден беше помалку од пет.

Треба да знаете
Последни објави