Search

Јовиќ пак ги налути Шпанците овојпат со слики како прави скара

Напаѓачот на на трофејниот фудбалски клуб Реал Мадрид, Лука Јовиќ пак ги налути Шпанците.  Сега е мета на медиумите во Шпанија поради правење скара со пријателите за што објавил фотографи на социјалните мрежи да се пофали. Српскиот фудбалер ја заврши сезоната поради повреда на десната нога.

„Кралскиот“ клуб смета дека е несмасно да се објавуваат вакви фотографии во ситуација која се наоѓа играчот.На сето тоа се поставува прашање и од здравствени причини, бидејќи во Шпанија постои протокол во врска со пандемијата на коронавирус и мора да има растојание за време на собирите. Јовиќ веднаш ја избриша сликата, веројатно по совет на некој од клубот, но не помина незабележано.

Минатото лето вкупно 60 милиони евра Реал плати до Ајнтрахт Франкфурт за услугите Јовиќ кој би можел да се најде пред излезните врати на мадридскиот гигант иако има договор до 30 јуни 2025 година.

Во последната сезона за германската екипа имаше 32 натпревари и 17 голови, а во првата за Реал постигна два погодоци на 15 мечеви.

Треба да знаете
Последни објави