Search

Ѓуроски не останува во Евре

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски не ги договори условите за продолжение на соработката со францускиот ПРО Б лигаш Евре.

– Не останувам во Евре. Вистина е дека преговаравме во изминатиот период, но не постигнавме согласност да го продолжам договорот за наредната сезона, изјави Ѓуровски.

Оваа сезона како играч на Евре, Стојан Ѓуроски одигра вкупно 20.натпревари. За просечни 26.3 минути по натпревар, дојде до просек изразен преку 8.4 поени, 3.3 скока и 3.0 асистенции по натпревар. Реализираше со 33.7% во шутот за три и 45.5% за два поени. Имаше и 82.4% реализација од линијата за слободни фрлања.

Претходно, 28-годишниот кошаркар играше во Шпанија, за второлигашите Милила и Хуеска.

– Од Шпанија носам убави искуства. Дали ќе се вратам таму ќе зависи од понудите во текот на летото, порачува Ѓуроски. 

Треба да знаете
Последни објави