Search

Хрватската куна ќе замине во историјата откако во јули ќе биде дадено „зелено светло“ за воведување на еврото

Иако пред два месеци беше најавено одлагање на процесот за приклучување на Хрватска во ERM II, агенцијата Fitch сепак верува дека процесот  со давање „зелено светло“ за воведувањето на еврото како платежно средство ќе оди според планираното и покрај застоите кои ги предизвика пандемијата со коронавирусот. Со тоа ќе отпочне и подготвката за заминување на  хрватската „куна“ во историјата.

Според последниот извештај за состојбата на хрватската економија очекувањата се европските институции да го продолжат процесто за пристапување во еврозоната. Според оечкувањата на рејтинг-агенцијата Хрватска во текот на летните месеци и формално ќе побара влез во банкарската унија и ERM II. Со тоа ќе се најде во чекалната за влез во еврозоната во која мора да помине најмалку две години и шест месеци.

Што се однесува до Хрватска целосно ги завршиле домашните задачи кои ги имала добиено. Владата уште пред еден месец се произнесла дека ги исполнила 19 реформски мерки, а овие денови и ХНБ се огласи да соопшти дека банките во земјата успешно го минале тестот за нивниот квалитет кој го спорвела Европската централна банка. Според Јутарни лист, челниците на хрватската Влада наскоро ќе јги известат европските институции за реализирање на сите мерки, а ЕЦБ да ги запознаа сите земји членки на еврозоната со резултатите од направената проценка за квалитетот на пет хрватски банки.

Нивниот позитивен одговор се очекува до средината на јули, а потоа продолжува процедурата со барање за формално пристапување во ERM II. Според неофицијални информации овој процес би требало да биде завршен месец јули.

 

Треба да знаете
Последни објави