Search

„Туркиш ерлајнс“ ги намалува за 40 отсто цените на билетите за здравствените работници

Компанијата „Туркиш ерлајнс“ започна кампања за специјален попуст на цените на билетите за здравствените работници кои се бореа против пандемијата на Ковид-19, јавува агенцијата „Анадолија“.

Турската национална компанија објави дека сите здравствени работници ќе добијат попуст од 40 проценти на цените на авионските билети. Медицинските работници ќе можат да купат билети и за уште тројца сопатници по намалени цени преку веб-страницата на „Туркиш ерлајнс“ или мобилната апликација.

Заинтересираните лекари треба да се регистрираат за кампањата на веб-страницата на турската авиокомпанија, а можат да купат билети по намалени цени од денес до 1 август, а да ги користат од денес до 31 мај 2021 година.

„Летаме повторно со вас, благодарение на храбрата борба на здравствените работници против Ковид-19. Со специјална кампања, сакаме да им се заблагодариме на нивната посветеност.Денеска започнавме кампања за намалување на цените на билетите за 40 проценти за сите здравствени работници“, соопшти претставникот на компанијата, Јахја Устун на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави