Search

Силва доби понуда од Катар

Играчот од средниот ред на актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити, Давид Силва може да ја продолжи кариерата во Катар. Според „Diario Sport”, 34-годишниот Шпанец добил понуда од Ал-Духаил.

Тековниот договор на Силва со „граѓаните” важи до јули 2020 година. Тој или ќе мора да се согласи да го продолжи договорот за кусо време, или да си замине на 30 јуни.

Во тековната сезона Силва настапи на 28 натпревари, постигна три гола и направи осум асистенции. Шпанецот се пресели во Манчестер сити во 2010 година од Валенсија.

Досега има одиграно за англискиот тим 423 натпревари, постигнато 73 гола и остварено 134 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави