Search

СзС: Власта манипулира со бројот на заразени лица и го загрозуваат здравјето на граѓаните

Високиот процент на заразени граѓани со коронавирус во Србија во претходните три дена покажува дека изборните активности и изборите на 21 јуни се голем ризик за здравјето на граѓаните, оценија денеска од Сојузот за Србија (СзС).

СзС во сопштението за јавност, оцени дека одлуките на Кризниот штаб се „крајно неодговорни и јасно политички мотивирани”, со кои се овозможуваат масовни собири на денот кога бројот на заразените со вирусот се искачи на 96 лица и кога се зголемува бројот на пациентите ставени на респиратори.

– Ова не само што го загрозува здравјето на нацијата, туку на долг рок може да доведе и до изолација на земјата и до материјални последици, како и до рестриктивни мерки во ограничувањето на движењето на граѓаните. Сите потези на властите се поврзани со 21 јуни, кога се планираат лажни избори, се наведува во соопштението.

Од СЗС оценија дека во претходните денови се „видливи манипулациите” со бројот на заразени лица, што, како што се наведува, покажува големиот пад на вкупниот број на заразени лица во Србија 4.000 за само еден ден.

– Режимот предводен од Александар Вучиќ ќе мора да одговора за политичката злоупотреба на вонредната состојба, незаконското и штетно користење на српскиот буџет, манипулацијата со бројот на заразени лица и загрозување на здравјето на нацијата, наведуваат од опозициската коалиција Сојуз за Србија, која прогласи бојкот на изборите на 21 јуни.

Треба да знаете
Последни објави