Search

Пешачка зона на улицата „Вангел Дину“ во Влае 1

Службите за одржување и изведба на нова инфраструктура на Општина Карпош деновиве интензивно работат на изградба на нова пешачка зона – тротоар на улицата „Вангел Дину“ во Влае 1, а  истовремено се работи и на поставување нови рабници.

Предвидена е обнова и на коловозот на оваа улица чија реконструкција е во тек,  при што  ќе се асфалира коловоз во должина од 208 метри и широчина од 5 метри.

Во претстојните денови треба да завршат сите реконструкции на оваа улица и се очекува истата да го добие завршниот лик.

Локалната самоуправа продолжува со одржување на постоечката инфраструктура, но и  со пробивањето на нови улици, особено во периферните делови на општината.

Треба да знаете
Последни објави