Search

Мешков Брест го надитри Вардар во трката за Санталов

Раккометниот руски интернационалец Дмитриј Санталов кој беше најавен како ново засилување за сеуште македонскиот, регионалниот и европскиот првак Вардар, од денеска е член на Мешков Брест. Белорускиот тим го надитри Вардар во трката по левиот бек Санталов, иако и тренерот на „црвено-црните“ Стевче Алушоски го најавуваше како завршена работа неговото доаѓање во Скопје.
Русинот Санталов (24 г.) денеска потпишал тригодишен договор со Мешков Брест, објави белорускиот клуб.

Треба да знаете
Последни објави