Search

Македонија не се најде на проширениот словенички список со држави чии граѓани ќе можат да ја посетуваат земјата без карантин

Словенија објави нов список на „епидемиолошки безбедни“ земји, во кои досега спаѓаа само Хрватска, Унгарија и Австрија со кои е нормализиран и граничниот проток на луѓе и стоки. Од понеделник граѓаните на уште 14 земји членки на ЕУ и Заедничката европска економска зона ќе можат да влезат во земјата без да заминуваат во карантин.

На новата словенечка листа се најдоа: Германија, Грција, Швајцарија, Бугарија, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Лихтенштајн, Норвешка и Словачка.

Претходно граѓаните од овие земји во Словенија можеа да пристигнат со задолжителен 14-дневен карантин.

Одлуката на Владата е донесена врз основа на набљудувањето на епидемиолошката состојба во земјите членки на ЕУ и земјите од регионот, при што словенечките епидемиолози предупредуваат за критично зголемување на новите дневни инфекции во Северна Македонија, но и влошување на состојбата во Србија и Босна и Херцеговина, пренесуваат тамошните медиуми.

Македонските граѓани не се најода на оваа  повластена листа поради зголемениот број на новоинфицирани од коронавируаот. Словенија воведе 14 дневен карантин за граѓаните кои патуваат од Македонија. Истото важи и за државјаните од Словенија кои патуваат во земјава. Во образложението на словенечката влада се вели дека ваквата одлука е донесена поради влошување на состојбата со вирусот во земјава.

Словенија ќе ја следи ситуацијата и не ја исклучува можноста повторно да се затворат границите, вклучително и оние со Хрватска, каде епидемиолошката слика е слична на онаа во Словенија, доколку се влоши епидемиолошката слика.

 

Треба да знаете
Последни објави