Search

Италијански клубови кријат инфицирани фудбалери од коронавирус за да ја прекинат сезоната во Серија А

Во Италија се шири теорија на заговор според која два неименувани фудбалски клубови од Серија А кријат дека имаат заболени во тимот со цел да можат да ја прекинат сезоната?

Надлежните органи во Италија не се подготвени во случај на позитивни фудбалери само нив да ги испраќаат во карантин како што е случајот во некои други земји. Стравот од втор бран и тоа како е присутен во Италија, па фудбалските „татковци“ не смеаат да ја предизвикуваат целата земја. Поради тоа сезоната, која се уште не е продолжена, би можела да биде прекината ако во тимовите се појават заразени.

Инаку, 16 од 20 клубови во Серија А во петокот гласаа сезоната да се поништи ако коронавирусот не дозволи продолжување на првенството. Тие гласаа во таа варијанта да нема ниту шампион ниту промоција ни испаѓање. Само Милан гласаше против, додека Рома, Лацио и Наполи беа воздржани.

Меѓутоа, се очекува Фудбалската федерација на Италија утре да стави вето на таквиот предлог. Идејата на Федерацијата е во случај на нови случаи на позитивни на коронавирус да се одигра плеј-оф, или дури со математички алгоритам да се одлучи конечната состојба на табелата.

Треба да знаете
Последни објави