Search

Вардарки со нови сопственици почнуваат нова приказна

По заминувањето на рускиот газда Сергеј Самсоненко од женскиот ракометен клуб Вардар, тимот кој беше петкратен учесник на завршниот турнир од Лигата на шампионите, но нитуеднаш неуспеа да се искачи на победничкиот пиедестал се најде во ситуаци пред згаснивање. За да не се случи тоа вардарки кои во последниве неколку сезони функционираа со млади домашни сили добиваат нови сопственици и почнуваат нова приказна.

Меѓу петте нови сопственици, се поранешните ракометарки кои со „Кометал Ѓорче Петров“ беа европски првенки, а потоа работе во Вардар, Гордана Нацева и Индира Кастровиќ. Заедно со двете поранешни ракометарки за Вардар ќе грижат и Томе Ивчевски, Татјана Ивчевска и Савица Стојаноски.

Тенер на првата екипа на Вардар ќе остане Драгана Ристова (Пецевска), а со ракометарките од младинските категории ќе работи Анжела Платон.

Треба да знаете
Последни објави