Search

Хвар сè уште е празен

На хрватскиот остров Хвар, како да е март или ноември, отворени се само неколку ресторани, цените на пијалоците се преполовени, а ноќевање чини седум до осум евра.

„Наместо туристи и забави, на овој хрватски остров му се случи афтеркорона пустош“, пишува „Слободна Далмација“.

„Никаде во светот толку не се следат вестите за коронавирусот како на Хвар. Никаде не се следи оваа револуција во Америка како во Хвар“, изјавил жител на Хвар алудирајќи на тоа дека Американците се едни од најчестите гости на островот.

„Ние постојано размислуваме за тоа што ќе направи Трамп. Затоа што ако тоа не се случи, Ѓаволот ќе ги одземе неколкуте Американци кои мислеа да дојдат кај нас“, вели тој.

Треба да знаете
Последни објави