Search

Пилотите бараат од луѓето да купуваат авионски билети како што купуваат тоалетна хартија

Пилотите ширум светот на социјалните мрежи почнаа кампања со која ги охрабруваат луѓето да резервираат летови.

„Се чини дека пилотите ја преземаат иднината на својата индустрија во свои раце со молба до следбениците на социјалните мрежи да продолжат да резервираат одмори и билети што ќе ги користат подоцна“, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Пилотот на „Изиџет“, Шарлот Дилман, објави фотографија на Инстаграм држејќи натпис во рацете на кој пишува: „Купете авиобилети, како што купувате тоалетна хартија“, со хаштаг #SaveAvation и #InThisTogether.

Капетанот Крис Пол, пилот на „Вирџин Атлантик“, објави фотографија држејќи знак со истиот натпис.

„Ве молиме, реобјавете ја оваа порака или испратете ја на сите што ги познавате. Потребно ни е светот да започне да резервира билети, што ќе им овозможи на авиокомпаниите да ги наполнат авиони, а ние повторно да летаме. Единствено што нè спречува, сте вие; нашите лојални клиенти / патници, без вас, ние сме на земја. Ајде да го натераме светот повторно да лета“, напиша Пол.

За неговата фотографија, Пол за „Бизнис инсајдер“ рекол дека тоа барем му донело малку радост среде лудилото.

„Фотографијата е направена во мојот дом во Франција, потпирајќи се на рамот на бе-ем-иксот на мојот син за да го истакне синото небо додека тој фрлаше тоалетна хартија кон мене“.

Открил дека го носел само горниот дел од униформата, а на нозете носел апостолки.

Треба да знаете
Последни објави