Search

Брнабиќ: Очекувавме отворање на границата на Црна Гора, одлуката беше политичка

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, го поздрави отворањето на црногорската граница за српските граѓани, додавајќи дека забраната за патување за луѓето кои доаѓаат од Србија била политичка.

Како што пренесува „Радио Слободна Европа“, Брнабиќ рекла дека одлуката за отворање на границата била очекувана, заради важноста на туризмот за црногорската економија.

„Знаев дека ќе бидат исполнети условите за отворање на границата, затоа што е важно за нивниот туризам, а исто така и затоа што причината што беше поставена да не се отвораат границите за граѓаните на Србија беше политичка и немаше никаква врска со здравјето“, рече таа.

Радиотелевизијата на Црна Гора (РТЦГ) вчера објави дека со намалување на бројот на активни случаи под 25 на 100.000 жители, се создадени услови за таа земја да ја отвори границата за граѓаните на Србија.

Треба да знаете
Последни објави