На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле ,во моментов нема хоспитаизирано ниту едно дете заболено со ковид 19-вели вели доктор Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар и директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле за 24 инфо.
Неговата изјава доаѓа откако Институтот за јавно здравје, во Македонија на 1 јуни се регистрирал вкупно 220 случаи на деца заболени од Ковид-19, односно по возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 101 и 119 случаи соодветно.
Податоците од Институтот за јавно здравје објавени вчера, а кои се однесуваат 4-ти јуни велат дека во Македонија вкупниот број на заболени деца од Ковид-19 е 296 односно има по 148 случаи поединечно кај деца на возраст од 0-9 години и од 10-19 годишна возраст.
Од самиот старт на новонастанатата состојба предизикана од ковид 19 болницата функционира според сите препораки од СЗО и од здравствените власти.
– Нашата боница која е воедно Ковид центар за деца е институција која е способна соодветно да одговори на сите предизвици и да се справи со секоја задача. Сите дечиња кои се фебрилни и кои имаат белодробни проблеми се предмет и задача на обработка од страна на ИБЗД Козле , досега функционираме беспрекорно и се укажува помош на секое заболено дете- вели Андоновски.
(В.А.)