Search

Јанушев: Ќе има одговорност за неспособноста во справување со кризата

Денешната бројка од 80 новозаразени од корона вирусот уште еднаш докажа дека СДСМ и Филипче се целосно изгубени во справувањето со пандемијата.
Додека на светско ниво бројот на заболени опаѓа во државата расте со брзина на светлината и достигнува рекорден број на заболени.
Короната од Скопје Заев и СДСМ вчера ја испратија да прошета низ цела Македонија. Институциите единствено што прават е што бројат ново заболени.
Јавно ги прашуваме Заев и Филипче до кога вака? Каде е сега аплаузот? И денеска ли ќе ја убедувате македонската јавност дека се е под контрола. Уште колку треба да чекаме да признаете дека згрешивте и тоа многу.
Колку луѓе ќе носите на душа поради вашата неорганизираност, непрофесионалнсот и неспособност. За да биде иронијата уште поголема за 10 дена од денес сакате да влеземе во предизоборна кампања.
Има ли крај оваа голгота во која не втурнавте. СДСМ ќе одговара за својата неспособност, целиот криминал и сиромаштијата која му ја приредија на овој народ.
СДСМ и Заев никогаш повеќе.

https://www.facebook.com/i.janusev/videos/2524971521150053/?t=0

 

Треба да знаете
Последни објави