Search

Поголема плата од онаа во Загреб, пола пари однапред, и ете го Хорват во Металург

Златко Хорват се реши кариерата да ја продолжи во Скопје, а една од причините секако е конкретната и одлична финансиска понуда што ја добил од скопската управа. Тој ќе мине најмалку една сезона во Автокоманда.

А понудата на Металург дошла во вистинско време и била конкретна и добра. Тој по 18 години заминува од Загреб и ова ќе му биде прво интернационално искуство.

Но, во Хрватска веќе се шпекулира за „бројчаната причина“ поради која Хорват пристигнал во Скопје. Според хрватските новинари тој добил подобра и повисока плата отколку што имал во Загреб.

Колегите од Хрватска тврдат дека таму имал околу 6.000 евра месечна плата, што би значело околу 60.000 евра годишно. Во време на коронавирус секаде во Европа има намалување на платите, па затоа некои ракометари решаваат наместо во силна лига да играат онаму каде имаат подобри услови.

Неофицијално за да се согласи за доаѓање во Скопје, на Хорват му било ветено дека половина од парите ќе ги добие однапред. Така би се осигурал за трансферот. Другиот дел би бил во месечни плати пренесува 24ракомет.

По се изгледа криза во Металург не постои. Интересно првенство ни следува дали ќе може Металург да им ги замрси сметките на Вардар и Еурофарм Пелистер?

 

Треба да знаете
Последни објави