Терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци, ќе започне на 08.06.2020 година  (понеделник) и ќе се врши до 12.06.2020 година (петок), во период од 22 до 03 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Треба да знаете
Последни објави