Search

УЕФА со три сценарија како да ја заврши европската клупска сезона

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) планира да ја заврши годинашната сезона  во  Лигата на шампиони и Лига Европа која е прекината поради пандемијата со коронавирусот до крајот на август. .Конечната одлука треба да биде донесена на 17. јуни во кој формат ќе биде организирана завршницата за клупските натпреаврувања на меѓународната сцена..

Шпанскиот весник „АС“ тврди дека УЕФА има на располагање три опции, но таа класичната, со играње на реванш натпревари, е најмалку реална. И да се создадат услови за одигрување на натпреварите од нокаут фазата, што е тешко за верување затоа што има малку време, „АС“ тврди дека финалниот натпревар во Лигата на шампиони наместо во Истанбул, ќе биде одигран или во Лисабон или во Минхен.

Второто сценарио е да се организира Final Four на неутрален терен – нешто слично кое веќе постои во ракометната Лига на шампиони и во кошаркарската Евролига. Третото сценарио е да се организира Final Eight на неутрален терен кој ќе го одбере УЕФА.

Сите натпревари треба да бидат одиграни во август, а финалниот натпревар да биде на 29.08.2020 година.

До прекинот на сезоната пласман во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони обезбедија тимовите на ПСЖ, Атлетико (М), Аталанта и РБ Лајпциг, а пласман во следната рунда ќе обезбедат и подобрите од реванш дуелите помеѓу Баерн (М) – Челзи (3:0 првиот натпревар), Барселона – Наполи (1:1), Манчестер С. – Реал М. (2:1), Јувентус – Лион (0:1).

Треба да знаете
Последни објави