Хрватска нема новозаразени лица од коронавирусот

Во последните 24 часа во Хрватска нема новозаразени лица од коронавирусот. Вкупниот број на инфицирани од почетокот на пандемијата осотанува на 2.246 лица. Досега се тестирани 67.297 лица од кои 602 во последните 24 часа.

На болничко лекување се 17 лица, од кои 4 пациенти се приклучени на респираторна машина.

Вкупниот број на оздравени е 2.088, ок кои 11 се во последните 24 часа. Вкупниот број на починати лица е 103.
По ваквата евидентирана состојба со коронавирусот во Хрватска не е повќе во финкција кол-центарот 113. Сите информации поврзани со коронавирусот можат да се пронајдат на Штабот за цивилна заштита при МВР во Хрватска , Центарот за јавно здравје во земјата и на www.koronavirus.hr, соопшти Кризниот штаб за цивилна заштита, кој ги предупреди граѓаните да останат будни и да бидат одговрни за своето и здравјето на своите семјества и сограѓани.

Треба да знаете
Последни објави