Search

(Видео) Хаос во Киев: маж се заканил дека ќе разнесе мост

Непознат човек, кој се заканил дека ќе го крене во воздух мостот „Метро“ во Киев, е уапсен. Мостот и неговата околина, како и неколку метро-станици, биле блокирани по и за време на полициската акција.

Украинските медиуми пренесуваат дека во врска со случајот е уапсен маж што носел заштитна маска и кој се заканил дека ќе го разнесе мостот, а во таа пригода се слушнале и истрели.

https://youtu.be/8KrsD2JSppk

Медиумите исто така наведуваат дека непознатиот маж на мостот оставил торба со непозната содржина.

Сепак, подоцна, во торбата не бил пронајден експлозив. Во неа имало земја и жица, јави украинската агенција „Унијан“.

https://youtu.be/_kVAv_Ste5I

На фотографиите објавени од медиумите се гледа маж со заштитна маска на лицето како стои на мостот покрај торбата.

Треба да знаете
Последни објави