Search

Европскиот првак со бундеслигашко засилување: Филип Талески една година во Вардар

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески е новото засилување на Вардар. Тој потпишадоговор на една сезона и ќе биде големо засилување за сеуште актуелниот европски шампион.

По две години поминати во Германија, Талески се враќа во Македонија. Тој ќе биде квалитетно засилување за левата бековска позиција каде минутажата ќе ја дели со Дисингер, Мишевски и русинот Дмитри Санталов.

Ова е втора, официјална аквизиција за Вардар, по францускиот голман Рибин Кантегрел, а во изминатиов период договорите ги обновија Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров, Кристијан Дисингер, Иван Чупиќ и Хлеб Калараш.

Треба да знаете
Последни објави