Градоначалникот Смилевски додели подароци на медицинскиот персонал во амбуланта во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, денеска како гест на почит и внимание спрема медицинскиот персонал им додели подароци на целиот здравствен персонал од амбуланта во Бутел.
Со оваа криза стана уште повидливо дека здравството е еден од основните општествени столбови. После децениско чекање, конечно работите се менуваат, наскоро отпочнува и изградба на новата поликлиника Бутел која опслужува повеќе од 40.000 граѓани. Со тоа ќе се сменат условите за работа на овој медицински персонал, кој во моментов работи во многу тешки услови за нив и за граѓаните.
Смилевски упати и апел до  граѓаните да помагаат преку почитување на мерките, да одржуваат  физичка дистанца од 1,5 до 2 метри и да не се групираат. Да носат заштитна опрема секогаш на затворено и секогаш на отворено кога не можат да ја одржуваат дистанцата.
Само така можеме да ја држиме епидемијата под контрола и да го заштитиме нашето здравје
Треба да знаете
Последни објави