Во Словенија е потврден еден нов случај на коронавирус

Во Словенија е потврден еден нов случај на коронавирус во последните 24 часа, а тестирани се 981 лице. Вкупниот број заразени сега е 1.468, додека бројот на починати е 104. Во болница на лекување се 23 пациенти, а четворица се на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата во Словенија се тестирани 71.951 лице.

Словенија е првата земја во Европа што прогласи крај на епидемијата на коронавирус, но некои рестриктивни мерки сè уште се на сила.

Треба да знаете
Последни објави