Search

Следната академска учебна година на Кембриџ ќе биде целосно онлајн

Универзитетот Кембриџ соопшти дека во следната учебна година сета настава ќе биде преку интернет поради пандемијата на коронавирус, јави ДПА.

Британскиот универзитет соопшти дека очекува барањата за физичка дистанца да останат некое време.

– Предавањата ќе продолжат да се одржуваат преку видео-врска до летото 2021 година, рече портпаролот на институцијата. Испитите исто така ќе се спроведуваат онлајн.

Сепак, ова е малку веројатно да доведе до намалување на студентските такси, јави ДПА.

Треба да знаете
Последни објави