Search

Петровска: Николовски изнесува сериозни обвинувања за неговите колеги во парламентот и структурите на ВМРО-ДПМНЕ во МВР

Непријатно се изненадив од изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски дека е следен и прислушуван од тајни служби, кој изнесува такви обвинувања, во време кога Министерот за внатрешни работи е од неговата партија, а тој постави свој кадар на 15 раководни позиции и направи 90 хоризонтални промени на инспектори, изјави во интервју за тв24, дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Таа додаде дека во Николовски до денес нема поднесено пријава и нагласи е незаконско следење и уништување на техничка опрема е одлика на една друга претходна власт. Или не знаат што се случува или изнесуваат невистини и небулози или се сомневаат во себе, истакна Петровска, додавајќи дека од ВМРО-ДПМНЕ изгледа ја преспале реформата кога следењето на комуникациите е предадено на оперативно-техничката агенција (ОТА), која е под контрола на собраниска комисија со која претседава кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува до физичкото следење тоа е под контрола на одделението за организиран криминал, со кое раководи еден од 15-те раководители што ги смени техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, рече Петровска.

Таа го охрабри Николовски да го пријави случајот.

– Пред да истапите во јавност треба да размислите за последиците, одговорно е да се докаже, за да се оди чекор напред, Николовски, ако пријави ќе треба да понуди конкретни сознанија, ова е сериозно обвинување кон повеќе инстутиции и неговите колеги во парламентот и структрите на ВМРО-ДПМНЕ во МВР, истакна дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Треба да знаете
Последни објави