Search

Кичевец фатен со хероин во автомобил за време на полицискиот час

На 19.05.2020 во 21.40 часот на улица „Братство Единство“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.С.(42) од Кичево затоа што при преглед во патничко возило „опел астра“, што го управувал, пронашле и одзеле хероин.

Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден околу 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во близина на верски објект на булевар „Ослободување“, пронашле засадено растение Canabis sativa.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави