Search

(Видео) Новинарка остави без зборови адвокат на функционер вмешан во афера во БиХ

Новинарката на телевизијата Н1 Емела Бурџовиќ го остави без зборови адвокатот на Фахрудин Солак, кој е главен актер во голема афера што деновиве ја тресе Босна и Херцеговина.

 

Станува збор за неодамна суспендираниот директор на федералната Управа за цивилна заштита, кој мораше да се повлече од функцијата поради аферата „Респиратори“.

Во последниве денови, адвокатот на Солак, Кадрија Колиќ, на секое прашање во врска со аферата одговарал со закани, најавувајќи правни последици. Колиќ исто така арогантно се однесуваше и во разговорот со споменатата новинарка, но ни таа не му остана должна.

Солак беше меѓу клучните лица чија задача во изминатите два месеца била да ги утврдат и спроведат мерките нужни за спречување на епидемијата на Ковид-19 , а во краток заклучок на Владата се вели дека тој е суспендиран до крајот на активностите покренати во врска со постапката за јавни набавки.

Денес, медиумите во БиХ открија нова голема работа во врска со аферата „Респиратори“. Имено, иако Солак ја загуби позицијата директор на федералната Управа за цивилна заштита, тој сепак и натаму добива плата, а останал и на чело на Кадровската комисија на СДА Ново Сараево, каде беше назначен пред три месеци.

Треба да знаете
Последни објави