Search

Шекеринска: Дали експертот за здрвство на ВМРО ДПМНЕ е Гордана Силјановска?

На телевизиското соочување на 24, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ му ги предочи фактите околу изборите и двете последни лидерски средби на кои повика токму опозициската партија.

„Прво Мицкоски бара лидерска средба, а потоа им се извинува на граѓаните што дошол на лидерската средба која тој ја побарал. Ако нему му беше важно здравјето на граѓаните, како што тврди, тогаш зошто не дојде со здравствен експерт на средбата, туку дојде со Гордана Силјановска? Дали таа е експертот за здравје во ВМРО ДПМНЕ?“- праша Шекеринска.

Таа потсети на времето кога владееше ВМРО ДПМНЕ.

„Да беше ВМРО ДПМНЕ сега на власт, во време на здравствената криза, главен епидемилог ќе беше Груевски, главен инфектолог ќе беше Груевски, главен за избори ќе беше Груевски… сето тоа сега ние го променивме и сакаме системот поинаку да функционира.“- изјави Шекеринска.

Треба да знаете
Последни објави