Search

Се демонтира мобилната болница во кругот на Инфективната клиника

Мобилната болница што беше поставена во кругот на Инфективната клиника во Скопје се демонтира. Информацијата ја потврдија од Армијата на Република Северна Македонија.

Болницата беше поставена кон крајот на март и таа требаше да биде дополнување на капацитетот на Инфективната клиника за примање на пациенти болни од Ковид -19.

Во болницата не беше згрижен ниту еден пациент бидејќи бројот на зарзени кои се лекуваат во болнички услови не го надмина капацитетот со кој располагаат Инфективната клиника и болницата „8 Септември”.

Треба да знаете
Последни објави