Општина Бутел отпочна со интензивни градежни активности во училиштата

После одлуката на Владата за привремено  затворање на  училиштата и градинките како превенција од ширење на корона вирусот, Општина Бутел отпочна со интезивни градежни активности во сите седум општински основни училишта.
Имено, станува збор за санација на котлари, електрични ормари, осветлување, промена на прекидачи и утикач и интервенција на водоводна мрежа, термоизолација од гипс картон итн
Градежните работи ќе се одвиваат во теков и на наредните месеци, со цел учениците  новата учебна година да ја започнат во реновирани и училишта.
Треба да знаете
Последни објави