Search

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е за избори, но тие избори мора да се со целосна заштита на здравјето на граѓаните

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше во емисија „Отворено студио“ на телевизија 24 кај што говореше за парламентарните избори и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е за избори, но избори кои ќе вклучуваат целосна заштита на здравјето на граѓаните.

„Точно, нашите предлози се 23 август, 30 август и 13 септември возможно беше и 6 септември, но имајќи предвид дека е националниот празник 8-ми септември и ќе е продолжен викенд затоа ги даваме овие три опции. ВМРО-ДПМНЕ е апсолутно за избори, вусшност и ние сакаме да одиме на избори за да успееме и да формираме влада и тоа е целта на нашата политичка партија и од таа страна не треба да има дилема што мисли ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ сака да оди и да победи на избори но тие избори мора да се со целосна заштита на здравјето на граѓаните што, за жал, во моментот не го гледаме. Со гаранција дека нема да имаме новозаболени и мртви заради гласањето, со гаранција или извесност дека нема да имаме новозаболени и мртви заради кампањата, со доволна информативност на граѓаните што е една од основните пилари на едни фер и демократски и со голема партиципативност на граѓаните на истите избори затоа што ова брзање на СДСМ нас ќе не одведе во избори без кампања, во избори во кои што граѓаните нема да можат да ги слушнат граѓаните ниту да ги видат кандидатите на политичките партии и ќе не одведе до ситуација кога излегувањето на избори ќе значи ризик по живот на граѓаните. Многу граѓаните три пати ќе размислат дали да излезат што може да не доведе до ситуација очајно ниска излезност што ќе го доведе до прашање целиот кредибилитет на изборниот процес“, истакна Николоски.

„Очигледно е дека се манипулира со бројот на тестирања и тоа по неколку основи. Бројот на тестирања во оној момент кога Зоран Заев процени дека сака да отиде на брзи избори на кои што ќе се обиде да направи помал пораз затоа што луѓето ќе се плашат да излезат да гласаат, падна и ако се одеше некаде од 600 700 па и 800 тестови во некои денови паднаа на 150 тестови што апсолутно покажува дека процесот се менаџира да има помали бројки, но дури и со помал број на тестови бројките излегуваат што значи дека реалните бројки се многу поголеми“, истакна Николоски.

Николоски во своето гостување рече дека се работи за комплетен политички менаџмент во однос на корона кризата од страна на владата на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави