Search

Мерцедесот со кој се возеле владини функционери бил запленет и граѓаните не ги чини ни денар

Мерцедесот во кој денес владини функционери пристигнаа на лидерската средба во кабинетот на претседателот во „Вила Водно“, а за кој пишуваа порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ е запленет во кривично дело со правосилна пресуда, односно одземен од сторителите, велат за Локално од Владата.

Возилото е префрлено во сопственост на Агенцијата за одземен имот, а со одлука на Влада доделено на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР). Тоа сега е дел од возниот парк на државните институции.

„Ниту денар не е потрошен од буџетот за ова возило. Возилото е запленето во кривично дело и граѓаните не ги чини ни денар, за разлика од 600.000 евра колку што Груевски потроши за блиндираниот Мерцедес“, додаваат оттаму.

Според наводите на опозициските портали, Владата наводно неодамна се подновила со најновиот модел на Мерцедес, и тоа луксузна верзија, кој чинел околу 250 000 евра. Овој модел на Мерцедес, според нив, во САД чини околу 200.550 долари и тоа во основната верзија.

Треба да знаете
Последни објави