Search

Европол: За време на изолацијата се зголемиле педофилските активности на интернет

Онлајн злоупотребата на деца во ЕУ се зголемила за време на пандемијата од Ковид-19, соопшти шефицата на Европол, предупредувајќи дека може да се појават уште повеќе случаи кога училиштата повторно ќе се отворат и наставниците ќе добијат поконкретен увид во состојбата на децата.

Сајбер криминалот пораснал за време на пандемијата, додека луѓето беа принудени да работат од дома и да купуваат преку интернет.

„Она што загрижува е порастот на активноста преку интернет на оние кои бараат детска порнографија“, рече директорката на Европол, Кетрин Де Бол, за време на сесијата на Европскиот парламент.

Де Бол, поранешна шефица на белгиската полиција, рече дека било забележано зголемување на педофилските активности од страна на националните агенции за спроведување на законот од 27 земји-членки на ЕУ, при што забележано е зголемување на пристапот до нелегални страници, но и затворање на неколку платформи за размена на детска порнографија.

Таа рече дека инспекторите на Европол исто така пресретнале престапници кои знаеле дека е полесно на децата да им пристапат преку т.н. „дарк веб“, дел од интернетот кој е достапен само преку специфичен софтвер или овластувања.

Сексуалните престапници се обидуваат да ја искористат зголемената изложеност на децата на интернет, додека за време на пандемијата се одржува онлајн настава, особено преку платформи кои не се соодветно обезбедени, изјави Де Бол.

Треба да знаете
Последни објави