Бесплатниот превоз во ЈСП за студентите почнува од утре

Студентите од утре ќе можат повторно да се возат бесплатно со автобусите од ЈСП во Скопје. Од ЈСП „Скопје“ соопштија дека продолжуваат да важат бесплатните годишни студентски билети за користење на јавниот превоз.

Бесплатниот автобуски превоз за пензионерите и средношколците сеуште не е активиран.Заради заштита од коронавирусот прекинато беше бесплатното користење на автобусите од ЈСП Скопје за пензионерите, средношколците и студентите на 11 март.

Од денеска, автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници почнаа да се обраќааат на линиите непрекинато од 5 до 19 часот, а не двосменски од 5 до 9 и од 13 до 19 часот како што тоа го правеа од 9 април.

Треба да знаете
Последни објави