Search

(Видео) Гувернерот на Њујорк се тестира за Ковид-19 пред новинари

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, се тестираше за Ковид-19 на редовната прес-конференција за новинарите.

„Не одам редовно на доктор“, рече Куомо, откако му беше земен брис од носот, додавајќи дека не сака инјекции.

Тој рече дека сака да покаже дека тестот се спроведува лесно и дека ги охрабрува граѓаните да се тестираат.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Њујорк во саботата изнесуваше 139, нешто пониско во однос на петокот, кога имаше 157 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави