Search

Полицијата пронајде човечки череп во скопско село во близина на Сарај

Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 19 часот при вршење обиколка на место викано Осој во атар на село Чајлане, покрај карпата во каменоломот кој се наоѓа на патот кон резерватот „Јасен” пронашле човечки череп.

Увидна екипа од СВР Скопје денеска во присуство на Јавен обвинител и лекар од Институтот за судска медицина и криминалистика извршила увид на местото на настанот, а телото било ископано, подигнато и предадено за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави