Чеферин верува дека Франција избрзала со одлуката да стави крај на сезоната

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин ја коментираше одлуката за предвремено прекинување на францускиот шампионат. Чеферин даде интервју за катарската телевизија „Беин Спортс”.

– За мене, оваа одлука беше крајно прерана. Јас го почитувам она што тие одлучија, но не бевме прашани. И мислам дека главниот товар на овој чекор е на француските власти, рече Чеферин.

Лига 1 заврши по 28 одиграни натпревари од 38 можни кола. Политичката позиција во Франција беше да ги ограничи спортските настани до август, со цел да се минимизира ризикот од ширење на коронавирусот.

– Две француски екипи имаат директно право да играат во групите на Лигата на шампионите. Овие екипи немаат играно натпревари од март и ќе продолжат да играат во август. Не знам дали е добро за нив, но јас мислам дека не е. Ќе ги пропуштат тешките и напнати натпревари. Но, ние мора да ја почитуваме одлуката, каква и да е. Клубовите немаа многу избор, рече претседателот на УЕФА.

Треба да знаете
Последни објави