Костадинов: СДСМ нема да организира митинзи

СДСМ нема да организира митинзи во текот на оваа кампања, секако почитувајќи ги препораките на здравствените власти, одговори портпаролот на партијата, Костадин Костадинов, на прашање како би се одвивала кампањата доколку има избори.

„Во делот на тоа како би ја воделе кампањата, како би ги претставувале нашите кандидати секако и програмата, фокус ќе биде ставен на медиумското претставување преку онлајн видео настани и секако имаме различни видови на дигитална комуникација. Единствено нешто на коешто може да сметаме и да размислуваме во периодов е организирање на мали средби, секако согласно протоколите и максимално почитување на препораките на здравствените власти“, рече тој.

Костадинов повтори дека ставот на СДСМ е дека избори треба да се одржат веднаш, односно во првиот можен рок, веднаш кога ќе спласне кризата здравствена со корона вирусот.

„Знаете дека тоа пред се треба да го направиме и од здравствен аспект во однос на заштита на здравјето на граѓаните, но и од економски аспект секако, и тука ќе додадам во однос на демократизацијата на нашата држава. Било какво одложување на изборите заради спас на политичка кариера на пропаднати спортисти, пропаднати политичари какви што сами се нарекуваат, е неодговорно. Јас очекувам дека избори ќе се случат по завршување на вонредната состојба, по спласнувањето на кризата и дека навистина нема да имаме потреба да размислуваме на други опции, а секако треба да ги разгледаме сите можности кои се на располагање“, кажа Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави