Kарпош 3  добива зелен и спортско- рекреативен центар

Се работи на новите спортски терени за кошарка, мал фудбал, ракомет и сервис во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“, во Карпош 3.

Започнаа изведбените – теренски активности за новиот зелен и спортско – рекреативен центар, во кој се предвидува ново зеленило, фитнес дел, а во завршна фаза е и детското игралиште.

Во изјава за медиуми, градоначалникот Стефан Богоев посочи дека на оваа површина, од 11.190 м2 доминантно ќе биде зеленилото:

-Предвидуваме засадување на нови, висококвалитетни дрвја, тревна површина, систем за наводнување на зеленилото, како и клупи за седење и корпи за отпадоци. Овој дел е во срцето на Карпош 3. Зоната ќе биде наменета за сите генерации на граѓани. Токму овие, маалски паркови придонесуваат за враќањето на маалскиот соживот и дружба. рече Богоев.

Оваа површина, која е дел од училишниот двор, во должина на булевар „Илинден“ повеќе години делуваше запуштено. Граѓаните од овој дел на Карпош имаа потреба од содржини за спорт и рекреацијат а изборот на спортски игралишта се направи и во консултација со нив.

Локалната самоуправа продолжува со секојдневното уредување на јавните површини. Целта е да се раззеленат истите, но и да бидат со намена за спорт и рекреација, со што ќе ги привлечат карпошани да ги посетат и да поминат дел од слободното време.

Треба да знаете
Последни објави