Search

По 2.000 евра казни за 53 скопјани за прекршување на полицискиот час

Вкупно 53 лица се опфатени со предлозите за издавање казнени налози што Основното јавно обвинителство Скопје ги поднесе денеска пред Основниот кривичен суд Скопје за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители за секого од обвинетите предложија парична казна од по 2000 евра во денарска противвредност, односно 100 дневни глоби од по 20 евра.​

Треба да знаете
Последни објави