Search

Пожар во ресторан позади Катастар во Тафталиџе

Пожар во ресторан позади Катастар кај Педагошка академија денеска избувна при што е уништена кровната конструкција.

Противпожарните служби на Град Скопје интервенирале со пет возила и 15 пожарникари.

Командантот на Противпожарната единица на Град Скопје Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот кај нив е пријавен во 11:20 часот, а изгаснат околу 11:45 часот.

Најверојатно пожарот избувнал од скарата во ресторанот по што биле зафатени оџакот и кровната конструкција. Причинета е материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави