Search

Објавен конкурсот за доделување на државната награда „22 Ноември”

Министерството за култура соопшти дека е објавен конкурсот за доделување на државната награда „22 Ноември” со која се оддава признание на луѓе од политичкиот, културниот општествениот живот кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани, а може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и иинституции од странство.

Паричниот износ на државната награда изнесува пет просечни месечни плати во Република Северна Македонија исплатени во последните три месеци на тековната година.

Конкурсот трае од 15 мај до 15 јуни.

Треба да знаете
Последни објави