Search

Митрополитот Амфилохиј предупредува дека власта во Црна Гора поттикнува и подготвува граѓанска војна

Митрополитот Црногорско-Приморски Амфилохиj изјави денеска дека црногорската власт со своите постапки предизвикува и подготвува граѓанска војна, пренесува „Спутник“.

Тој рече дека дошол пред судот во Никшиќ да побара прошка од владиката Јоаникиj зашто, како што вели, тој требало да биде на неговото место.

„Го молам владиката да ми прости што по моја вина стана епископ на епархијата Будомљанско-Никшиќка и по моја вина се вклучи во одбраната на светињите,“ порача митрополитот.

Како што посочи, во сутиацијава тој е главниот виновник и дека ако некому треба да му се суди, тогаш нема друг освен митрополитот, кој е главен виновник за тоа што се случува во црквата во Црна Гора уште од ’90-те години.

„Требаше јас да бидам таму,“ рече Амфилохиj.

Тој изрази надеж дека власта ќе донесе нормална и здрава одлука и дека ќе ги ослободи владиката и свештениците, а ако не го стори тоа, ги замоли него да му судат.

Во меѓувреме, ситуацијата во Црна Гора не се смирува. Владиката Јоаникиj кој во вторникот заедно со уште осум свештеници беше приведен во Центарот за безбедност, по што му беше одреден 72-часовен притвор, ќе биде сослушан пред судијата за прекршоци во Никшиќ под обвинение дека ги прекршиле мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирусот со литијата што ја одржале.

Покрај митрополитот Амфилохиj и монахињите, пред судот почна да се собира и толпа народ.

Во повеќе града во Црна Гора претходните денови беа одржани молебени и протестни прошетки поради апсењето на владиката и свештениците. Државните ргани ги изведоа на улиците специјалните сили кои во неколку наврати на бритален начин се пресметуваа со народот и употребија и солзавец.

Од утринава, на излезот од Подгорица кон Никшиќ бил забележан голем број воени возила. На патот кон Никшиќ полицијата ги запира сите возила и ги легитимира возачите кои мора да дадат изјава зошто точно одат во Никшиќ.

Треба да знаете
Последни објави