Search

Два велосипеди украдени во Швајцарија пронајдени во Ново Село

Два велосипеди украдени во Швајцарија биле пронајдени во куќа во Ново Село, информираше МВР.

На 14.05.2020 врз основа на наредба од Основен суд Струмица, по претходно разменети информаци со швајцарската полиција, полициски службеници извршиле претрес во домот на Т.Б.(26) во Ново Село, струмичко.

При претресот биле пронајдени и одземени велосипеди GT Force и BMC FS01, кои потекнуваат од кривично дело – кражба, извршена во Швајцарија.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави