Грета Тунберг: Пандемијата ги загрози правата на децата

Активистката Грета Тунберг предупреди дека за време на пандемијата на коронавирусот загрозени се правата на децата .

На панел дискусија на Си Ен Ен, Тунберг особено го истакна проблемот на сиромашните деца кои останаа без оброци кои дотогаш ги имале само во училиштата, кои сега се затворени.

Таа, исто така, предупреди дека извештаите кои погрешно сугерираат дека децата не можат да бидат заразени сок оронавирусот може да го загрозат нивното здравје.

– Луѓето почнуваат да сфаќаат дека ние всушност зависиме од науката и дека мора да ги слушаме научниците и експертите. И се надевам дека така и ќе остане, потенцираше Тунберг. Таа додаде дека би сакала истиот тренд да преовладува во справување со други кризи со кои се соочува човештвото, како што се климатската и еколошката криза.

Младата активистка е во изолација во нејзиниот дом во Шведска од март, кога покажа симптоми на инфекција со коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави