Во Германија во иднина ќе се казнува палење странски знамиња

Во Германија во иднина ќе биде забрането палење странски знамиња или знамиња на Европската унија, одлучи синоќа германскиот Бундестаг.

„Кој во Германија во иднина јавно ќе запали знаме на странска земја или ЕУ, може да му се изрече казна затвор до три години”, се вели во законот, усвоен од членовите на Бундестагот.

– Палењето на знамиња во јавност нема никаква врска со мирни протести. Овие дела поттикнуваат омраза и агресија, оцени министерката за правда, Кристин Ламбрехт.

Повод за овој закон се провокациите на протестите во Берлин, каде пропалестински демонстранти палеја и уништуваа израелски знамиња.

Досега кривично гонење имаше само за вреѓање и униптување на германските државни симболи.

Треба да знаете
Последни објави